Изгаснат е едниот крак од големиот пожар на планината Огражден
Изгаснат е крајниот северозападен крак од големиот пожар кој избувна пред шест денови на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, а доцна попладнево се гасне југозападниот крак, веднаш до границата со Бугарија, информираа од ТППЕ Струмица.