На Табановце во функција сите сообраќајни ленти, полицијата презема мерки времето на поминување да се сведе на минимум
На граничниот премин Табановце во периодот од 10/ 11 јули годинава од полноќ до 08:30 часот утрово, излез оствариле 1.353 патници, а влез 3.536, соопшти денеска МВР. Зголемен е бројот на патници и возила во овој период со оглед на годишните одмори.