Обновувањето на „Трескавец“ се врши според роковите
Работите со обновата на опожарените конаци на манастирот „Трескавец“ кај Прилеп се при крај, но за проектот да помине на технички преглед потребно е да се решат прашањата со водоводот до манастирот, без кој не може да има технички прием на објектот, а се работи и на пречистителната станица