Гавроглу: Учествувавте во еден од малите чекори направени во историјата
Со вашето учество, ставивте и вие едно мало каменче за една помирна Европа, им порача министерот за образование и религија на Грција, Костас Гавроглу на учениците од средните училишта од општините Ресен, Преспа (Грција) и Пустец (Албанија) кои учествуваа на „Првите училишни игри во Преспа“ што викендов се одржаа во Лемос, Грција, јави дописничката на МИА од Атина.