Изложба на цртежи и фотографии за уличната уметност во Тетово
На градскиот плоштад во Тетово утре 2-ри мај ќе бидат изложени цртежи и фотографии во рамки на финалната изложба на проектот на уметноста „Слобода, Еднаквост, Креативност” што го организираат Француската Алијанса во Тетово и невладината организација „Лоја“, со поддршка на Амбасадата на Франција во Скопје и Општина Тетово