Успешно извадена дијабола од окото на повредениот малолетник од пехчевски Чифлик
Успешно е извадена дијаболата од окото на малолетното лице од пехчевски Чифлик, кое на 17 јануари беше погодено со воздушна пушка во Пехчево. Информацијата е потврдена од беровската полиција, каде на 23 јануари било пријавено дека Јавната установа – Очна клиника Скопје, истиот ден примила малолетно лице од пехчевското село Чифлик кое имало повреда на окото.