Во Охрид одбележан денот на рибарите
Охрид традиционално го прослави денот на рибарите. Во казан од три тони, од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески” подготвуваа рибна чорба, доволно за да ја вкусат 5000 посетители на манифестацијата. Мајсторски,од 500 кг морска риба лосос и ослич, се направи тон и пол рибна чорба.