РСБСП: НЕ - за мобилен телефон зад воланот! Без изговори, без оправдувања
Мобилните телефони станаа секојдневна потреба, без која многумина не можат да го замислат своето постоење. Во многу нешта, користењето мобилен телефон ја олеснува комуникацијата, го олеснува секојдневното функционирање, го олеснува извршувањето на работните обврски... И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон.