„Југохром“ мора да изгради филтер станица
„Југохром“ нема да работи додека не ги исполни еколошките стандарди, но поради неговото значење за населението во регионот, но и за целокупната економија, Владата на последната седница преку Македонската банка за поддршка на развојот во Програмата за поддршка на фирми со потешкотии определи 1,5 милиони евра ликвидни средства за рестартирање на „Југохром“.