Се изведуваат финалните работи за уредување на Динќут кај Гевгелија
Најдоцна до средината на идниот месец треба да заврши уредувањето на старото излетничко место на гевгеличани, популарниот ,,Динќут“, кој ќе биде претворен во вистински спортско-рекреативен центар со привлечни содржини за лица од сите возрасти, соопштија денеска од информативната служба на општина Гевгелија.