Недостаток на вода и кислород предизвика помор на плашици во Студенчишки канал
Еколошка катастрофа во каналот Студенчишта, според проценките на природонаучниците од Хидробиолошкиот завод, угина околу половина тон плашица. Поморот на риба според слободните проценки пак на рибарите кои секојдневно во каналот ја изловуваат плашицата е далеку поголем, пренесува Алфа ТВ.