Куманово распиша конкурс за избор на сувенир за 2019 година
Општина Куманово, по трет пат распиша конкурс за избор на сувенир на градот и ги покани заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција, информираат надлежните од Одделението за локален економски развој.