Отворен инфоцентарот за туристи во Охрид, промовирани унифицирани маички и чадори за водичи
Претседателот на Здружението на туристичките водичи и придружници (ЗТВП) “Кеј Охрид“, Климент Наумов истакна дека со денешната свеченост конечно се става во полна функција инфо центарот, кој од едно место ќе ги пружи сите релеванти информации за туристичките производи и услуги во Охрид. Воедно се изврши ребрендирање на здружението и сите водичи добија унфицирани маички и чадори со грбот на Општина Охрид, УНЕСКО и здружението.