РСБСП: Почитувањето на сообраќајната сигнализација не е право на избор!
Сите ние секојдневно и директно учествуваме и сме дел од сообраќајот. Сведочиме за голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување кај учесниците во сообраќајот.