Најдобриот млад научник во Македонија, Сретен Давидов, добитник на наградата „8 Ноември”
Неготинецот Сретен Давидов, кој неодамна го доби државното признание за најдобар млад научник во Македонија, а кој работи во полето на електротехниката, е добитник на највисоката награда „8 Ноември”, што ја доделува неготинската локална самоуправа, по повод Денот на ослободувањето на Неготино.