Регионалниот центар за застапување од Делчево одбележа 12 години постоење
Во Делчево синоќа својот 12-годишен јубилеј го одбележа Регионалниот центар за застапување, здружение формирано од петнаесет здруженија од регионот на општините Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и Виница. Според претседателот на РЦЗ, Тони Стоименовски здружението прво работело како Центар за поддршка на невладини за потоа да произлезе денешниот Регионален центар за застапување.