Црковно – народни собири по повод Петковден во Селник и Ѕвегор
По повод празникот Петковден, утре, во делчевските села Селник и Ѕвегор ќе се одржат традиционални црковно-народни собири. Еден од најпознатите собири се организира во црквата „Св.Петка“ во село Селник, каде прославата вообичаено започнува со празнична богослужба, продолжува со културно-уметничка програма и заеднички ручек за сите соборјани, а ќе заврши со општонародна веселба.