Нема да дозволиме цинкара во Кавадарци, реагираат од Еколошкото друштво “Тисовец”
Нема да дозволиме загадувачка индустрија во Кавадарци, реагираат од Еколошкото друштво “Тисовец” од кавадаречкото село Возарци. Претседателот на душтвото, Сашко Данов во изјава за МИА, нагласува дека ваквата нивна реакција доаѓа, откако е објвена комерцијална информација, за поднесено известување за намера за изведување проект, за нови линии за проширување на асортиман и нови производи, за потребите на кавадаречка компанија.