“Еко -живот” најави петиција против изградба на цинкара во Кавадарци
Еколошкото друштво Еко-живот од Кавадарци најави петиција против изградба на цинкара близу градот. Во изјава за МИА, претседателот Роберто Паризов нагласи дека најпрвин со собирање потписи, а потоа и со сите други законски дозволени можности, ќе се борат против загадувачка индустрија.