Родителите на лицата со попреченост во Прилеп се вклучија во „Рехабилитација базирана на заедницата“
Бараме поголеми права и грижа на заедницата за лицата со различна попреченост, со хендикеп и со церебрална парализа, побараа денеска неколку прилепски здруженија и родителите на лицата со попреченост во центарот на градот. Со ова, велат, се приклучуваат на акцијата низ македонските градови денеска од 12 до 13 часот насловена „Рехабилитација базирана на заедницата“.