Претставници на училиштето „Св. Наум Охридски“ на студиска посета на Германија
Претставници на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и на компанијата „ЛТХ-Леарница“ од Охрид беа на студиска посета во Германија, со цел непосредно да се запознаат со начинот на организирање и спроведување на дуалното образование.