Информативна работилница за окрупнување на земјоделското земјиште
Проектот „МАИНЛАНД“, финансиран од Европската унија, денеска организира информативна работилница за почнување студии за изводливост во селата Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари, кои се пет од избраните области за консолидација на земјиште во Македонија.