Научен симпозиум за австриската дипломатија и австро-унгарскиот конзулат во Битола
Научни трудови на тема „Почетоците на австриската дипломатија во Македонија со посебен осврт на австро-унгарскиот конзулат во Битола 1851-1919 година“, беа презентирани од страна на домашни и странски истражувачи, на дводневниот научен собир во Битола, организиран од амбасадата и почесниот конзулат на Австрија во Битола, во соработка со национални и локални институции.