Донаторска акција „Нахрани 10.000“ на 16 октомври
Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи на 16 октомври по повод Светскиот ден за борба против гладта, од 10 до 19 часот на 33 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница.