Глобалниот предизвик за почист свет „IceBottleChallenge.org“ почнува од Македонија
На градскиот плоштад во Прилеп, кај споменикот „Крали Марко“, утре во 11 часот ќе започне глобалниот предизвик „IceBottleChallenge.org“ на кој ќе се сврти првото пластично шише, таканаречено „Ботл флип“ и со тоа ќе се испрати пораката „Сврти шише за почист свет“.