Во септември, по гостиварските сообраќајници регистрирани 850 сообраќајни прекршоци
Во текот на минатиот месец (септември) на поширокото гостиварско подрачје, полициските службеници откриле 842 сообраќајни прекршоци од вкупно контролираните 2.272 возила и возачи. Поради констатираните прекршоци од сообраќај биле исклучени 108 возила, најмногу со истечена, односно необновена регистрација (68) и техничка неисправност (40).