Основните и средните училишта во Битола во моментов должат 47.700.000 денари или над 770.000 евра за неплатени услуги поврзани со организираниот училишен превоз во овој град.
Околу 150 средношколци од Преспа, кои своето образование го продолжиле во Битола денеска, втор ден не отидоа на настава поради немање бесплатен превоз. Учениците од селата Јанковец и Златари со овој проблем се соочувале од почетокот на учебната година, бидејќи немале платен превоз до Ресен и сами се снаоѓале.
Општина Куманово го распиша овогодинешниот конкурс за доделување на номевриската награда, која се доделува на поединци, претпријатија, установи и институции по повод „11 Ноември“ – Денот на ослободување на Куманово.
Советот на општина Дебар на денешната редовна седница усвои одлуки за давање согласност за преименување на две училишта во градот.
Стигма, дискриминација, сегрегација, изолираност од семејството и другите деца, непристапност до образованието и до образовните објекти, се само дел од проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост во Македонија.
Над 40 станици за полнење на електрични возила ќе бидат поставени на централни јавни локации низ државата.
Водата од локалниот водовод во делчевското село Град не е исправна за пиење. За таа цел денеска од Јавната здравствена установа Јавно здравје Кочани апелираат до жителите водата да се преврива, а за пиење да се користи исклучиво флаширана вода.
Моника, Силвана, Весна, Мими, Славица... Ова се навидум секојдневни женски имиња, но во нашата приказна се однесуваат на кози, што, секако, е невообичаено, нестандардно и отстапува од клишето.
Повисоки стандарди за безбедност и здравје при работа е цел на проектот што во следните шст месеци ќе се спроведува во општините Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Виница.
Во Струмица денеска почна изградбата на регионален стационар за кучиња бездомници.Објектот е лоциран во близина на Пречистителната станица, а неговата изградба чини 10 милиони денари. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, дел од општината, а инвеститор е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.