Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“
Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенство, монаштво и верен народ.