Три нови мерни станици за борба против климатските промени
Три нови мерни станици за борба против климатските промени, се инсталирани во Градско, Кочани и Струмица. Навремените информации за времето се од корист за македонските земјоделци, беше речено на денешната работилница во Градско, на која учествуваа претставници на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, организации на земјоделци и граѓански организации.