Се градат потпорни ѕидови во Ромското маало во Виница
Општина Виница инвестира над 1,3 милиони денари за изградба на потпорни ѕидови на улицата „Иво Лола Рибар“, која е една од главните во Ромското маало. Средствата се обезбедени преку програмата за имплементација на Стратегијата за Ромите во Македонија, а дел од работите се изведуваат и со сопствено учество.