Манастирот во Калишта - рај за очите и мир за душата
Основа на манастирскиот комплекс е малата пештерска црква, сместена во карпа, изградена во 14. век. Во трите монашки ќелии, две на првиот и една на вториот кат се влегува преку мала и тесна врата, а внатре покрај доховен мир ќе најдете и многу историја. Тука претстојувале и твореле познати интелектуалци, меѓу кои и браќата Димитар и Константин Миладинови.