Потпишан договорот за изградба на градинка во штипската населба „Сењак“
Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, заедно со директорката на Центар за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева и претставник од градежната фирма „Вардар Градба Скопје“ го потпишаа договорот за изградба на детска градинка во штипската населба „Сењак“, во која ќе се згрижат 200 деца.