Доградба на детската градинка во Делчево приоритет за МТСП
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска беше во посета на детската градинка „Весели цветови“ во Делчево. Во рамките на посетата, Царовска се запозна со условите за работа и престој на дечињата, по што имаше и работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, како и со директорката на оваа установа Билјана Симовска.