Почна изградба на регионален водоснабдителен систем во Липково
Започна изградбата на пречистителна станица за вода за пиење за регионален водоснабдителен систем во општина Липково, изградба на резервоар и цевковод во должина од 570 метри до Липково. Премиерот Зоран Заев, со министрите за транспорт и врски, Горан Сугарески и за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи извршија увид во градежните активности.