Младите практично ќе сe обучуваат преку платена работа, законски се регулира практиканството
Можност младите да стекнат практично искуство во компаниите и за тоа да бидат платени, а тие, пак, да добијат кадар профилиран согласно нивните потреби, што ќе помогне во намалување на невработеноста кај овие лица, ќе овозможи законот за практиканство што го подготвува Владата.