- Ова е доказ дека институции од областа на културата и здруженија можат успешно да соработуваат. Вистинските рокери ќе имаат прилика да проследат неколку настани, рече Александар Малинков, директор во Домот.
Охрид би требало да добие сосема нов здравствен дом, изграден по највисоки светски стандарди, најави на синоќешната трибина во Охрид министерот за здравство Венко Филипче.
Над 200 видови автохтон македонски грав поседува Драган Цветковиќ, сопственик на компанија и како што самиот се нарекува колекционер на различни видови грав.
Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка.
Во рамки на гевгелиската Општа болница веќе неколку месеци работи новоформирана група за личен раст и развој, која под водство на психологот Розита Андонова еднаш неделно одржува состаноци.
Меморојален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот Горан Димоски ќе се одржи од денеска до недела во спортската сала „Македонско Сонце“ во ОУ „11 октомври“ во општина Ценар.
Делегација од Светската организација на Ромите денеска е во посета на Македонија.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска во Охрид посочи дека став на Министерството и на експертите е оти локацијата за идната регионална депонија за Југозападниот плански регион е во рамки на Општината Дебрца.
До први септември годинава се исплатени 99 отсто од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари, соопшти денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.
Вработувањето, социјалната заштита, вадењето лични документи, легализацијата на куќите, судството, се само дел од сферите во кои најчесто се прекршуваат правата на Ромите.