Дваесет и четири општини ќе добијат по 62.000 долари за јакнење на локалната демократија
Општините Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово и Велес, како и дополнителни 18 општини, кои ќе бидат избрани во ноември 2018 година и 2019 година, ќе добијат по 62.000 долари за проекти од јавен интерес кои се утврдени како приоритетни од страна на граѓаните.