Денот на независноста одбележан во Куманово
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија денеска делегации од Собранието, АРМ, МВР, Здружението на борците, од општина Куманово, од Советот на општината, политички партии, претставници на граѓански здруженија, установи и институции положија цвеќе пред споменикот Жена борец на градскиот плоштад во Куманово.