Македонските земјоделци интернетот го користат само за временска прогноза
Македонските ниви ги обработуваат земјоделци, чија просечна старост е 57 или 58 години. Младите не се заинтересирани за производство на храна во своите села, забележува, Ефтим Шаклев претседател на Асоцијацијата на земјоделците, но и универзитетските професори, кои работеле на истражувања, спроведени на терен.