Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“- духовно светилиште и рај на природата
Ако патот ве носи кон Крива Паланка, во кој било ден или доба од годината, неодминлива дестинација за уживање во благодатите на раскошната природа, во пазувите на столетната дабова шума на Осоговската Планина е вековното духовно светилиште, манастирскиот комплекс свети Јоаким Осоговски.