Премиерот Заев на средба со лозарите од кавадаречко-неготинскиот регион
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за економските ресори Кочо Анѓушев, градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, вчера доцна попладне во Кавадарци остварија средба со лозарите од регионот, претставувани од Здружението „Напредни лозари“.