Фазлиу - Арифи: На почетокот на септември ќе започне доуредување на регионалната депонија „Русино“
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Тетово се сретна со градоначалничката на таа општина Теута Арифи, со која разговараа за теми поврзани со продлабочување на соработката, за проектите кои се во тек во општина Тетово, за рамномерниот развој на оваа општина, како и за регионалната депонија „Русино“.