Советник од ВМРО-НП од делчевскиот совет станува независен
Советникот Николчо Ситновски, кој досега во Советот на Општина Делчево делуваше како претставник на ВМРО-НП, односно како дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од денеска стана независен. Ваквата одлука Ситновски, како што рече на денешната редовна седница на делчевскиот Совет, ја донел лично и без ничие влијание.