Камениот римски мост во Богомила ќе биде само за пешаци, ќе се гради нов за сообраќај
Стариот римски мост во Богомила, во срцето на Азот, ќе се заштити и ќе биде пренаменет само за пешаци, додека малку подолу од него, ќе се изгради нов бетонски мост што ќе се користи за сообраќај, потврди при денешната посета министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одговарајќи на новинарски прашања.