Кампања за еднакви права на Ромите во Кичево
Проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ имплементиран од Асоцијацијата за демократски развој на Ромите-Тетово, во партнерство со групата за малцински права од Лондон, Здружението за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ од Кичево, денес пред платото на хотелот „Арабела“ организира локална кампања.