Вардар во Велес над просечното ниво за август
Нивото на реката Вардар во Велес утрово на мерното место кај Стар Мост било 60 сантиметри, исто колку што било вчера, на четврти и на петти овој месец. На шести август нивото било 58 сантиметри, на седми август 55, а на осми август најниско или 52 сантиметри.