Од рибниците на Бигорскиот манастир повторно ќе се вади радичка пастрмка
Во македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознато како Бигорски манастир, при крај е обновувањето на манастирските рибници, во кои до пред шеесетина години се одгледувала познатата радичка пастрмка. Рибниците кои почнале со работа во 1936 година и во кои се одгледувала радичка пастрмка, престанале да работат 1957/58 година.