Неготино и Демир Капија имаат потреба од згрижувачки семејства
Во Македонија има повеќе згрижувачки семејства кои во одредени ситуации се спремни да згрижат деца на кои од најразлични причини им е потребно згрижување, но во Неготино и Демир Капија, за жал, се уште нема такво семејство. А овде, иако досега ретко, сепак има потреба од згрижувач.