Зголемено нивото на реките, Охридското и Преспанското езеро во рамки на просекот
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јули се бележи денеска на реката Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид во Скопје, кај Велес, Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, како и на Брегалница кај Берово и Штип и на Црна река кај Новаци.