Прелиминарно распределени автобуски линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници
Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2018 година со која за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 12 апликации, една е делумно одобрена, а 13 се одбиени. За меѓународен превоз на патници, пак, се одобрени 35 апликации, три се делумно одобрени, а 27 се одбиени.